Анализа на ликот Бак
Во лектирното дело „Повикот на дивината„ се работи за храброто и паметно куче Бак, коешто се бори за да го добие она што го сака. Дејствата и настаните во ова дело се случуваат во северните и ледени краишта.
Бак е динамична личност,тој влијае врз настаните,испробува нови нешта,во него се кријат секакви идеи и нови предизвици,и секогаш е подготвен да го исполни она што го сака.Во реалниот живот, тој би бил добра,храбра и исполнителна личност, која секогаш е спремна да помогне на другите, кога ќе им биде потребна некаква помош.Тој во еден од настаните се бори против Шпиц, за да дојде на негово место.Општеството во кое живее Бак е поразлично од днешново,тој живее во средина во која нема интернет,за разлика од нас кои имаме се што ќе посакаме.Останатите ликови го гледаат Бак како храбро,добродушно и многу посакувано посебо куче,но д друга страна некои го гледаат како непријател.Тој самиот е свесен за тоа што се случува во околината,свен е за последиците од тоа што ќе го намисли и свесен е за тоа како останатите го доживејуваат него.Во реалниот живот имао,има и ќе има личности кои што се како Бак,храбри коишто сакаат да постигнат успех и да стигнат до целта.
Заклучокот,односно пораката од ова лектирно дело, е тоа што сака да ни каже дека за она што сакаме да биде наша сопственост,треба навистина се бориме и да се потрудиме за на крај да го добиеме.