Анализа на ликови од лектирното дело „Сердарот„ од Григор Прличев
„Сердарот„ е поема, напишана од страна на еден од најпознатите македонски писатели Григор Прличев.Тој има добиено награда „Ловоров венец„ учесвувајќи на натпревар за најдобра поема на грчки јазик.Во ова лектирно дело се работи за Македонската борба, во која главен јунак е Кузман и тој се бори против Гегите, кои потекнуваат од едно албанско племе.
Неда е мајката на Кузман.Таа пред се, е горда на својот син бодејќи тој се бори за својата татковина и го жртвува својот живот.Но, од друга страна пак е загрижена за него бидејќи има голема можност тој да се повреди и да загине во борбата.Неда сама ги извршува својте домашни работи и сама се грижи за својот син Кузман.Најјтрагичниот момент, кај овој лик во делото е тоа што Неда последна дознава за смртта на синот.Момент во кој сите помислуваме дека таа нема да може да го преживее, но таа останува храбра и трпелива до крај во чест на свотој син.Исто така таа останува горда на него, со утешната помисла дека тој се борел за својата татковина и за македонскиот народ да може да преживее.Па така на сите во селото им соопштува дека никој не треба да тагува за него бидејќи тој умрел како јунак.Низ страниците во поемата има спомнато дека Неда има витка става и долга црна коса, којашто ја чува врзана во својата убава марама.
Кузман, кој го спомнував предходно и за кој веќе кажав дека е главниот лик во делото е премногу храбар и решителен лик со свој став.За него најмногу донаваме преку тоа како го опишуваат другите ликови преку навраќања, и за тоа што тие зборуваат за него бидејќи тој е веќе починат лик уште од почетокот на поемата. Сите го почитуваат,па дури и Гегите кои се неговите најголеми противници и тие со сопствените раце го однеле мртвото тело на Кузман кај неговата мајка Неда.Кузман има преголема љубов кон својата мајка Неда и својата вереница Марија со која сакал да го помине целиот негов живот заедно со неа.Тој е заштитник на македонскиот народ и лик со премногу храброст како што кажав предходно.
Гегите се противниците на Кузман односно негативните ликови, но тоа не мора да значи дека тие немаат и позитивни карактеристики.Тие се албанско племе кои војуваат против македонскиот народ.Тие се разбојници бидејќи го ограбуваат селото,немилосрдни,лоши и негативни.Но сепак, од друга страна се чесни луѓе кои имаат голема почит спрема останатите.тие со сите обичаи говраќаат мртвото тело на Кузман кај мајка му Неда.Според описите во делото нјстариот Гега храбросо убави зборови ја теши мајката на Кузман за неговата смрт.Тие исто така се и по малку плашливи бидејќи незнаеле како да ја пренесат веста за смртта на Кузман во борбата.
Во поемата „Сердарот„ има силни чуства на љубов,страдања,предавства и борба за живот.Исто така има врвен квaлитет,богатство на јазикот и одличен опис на ликовите во делото.Оваа поема е сместена на највисоко место во времето на Романтизмот но и денескa, бидејќи навистина е вложено премногу труд за да призлезе едно вакво прекрасно дело.