Епот „Илијада„ за кој се смета дека е напишан од страна на Хомер, се работи за настаните кои се случувале за време на Тројанската војна која траела во периодот од 13век п.н.е до 12 век п.н.е.Едни од поглавните ликови во оваа војна се: Ахил, Хектор, Агамемнон, Одисеј, Патрокле и Терсит.
Причина за да започне Тројанската војна е градот Троја.Тој бил познат по богатство и моќ затоа што тројанскиот владетел наплатувал високи царини за премин во овој град.Истиот бил привлечен за Ахајците кои во 1184 година п.н.е го уништуваат градот Троја по десетгодишната војна.Кавгата, односно поводот за војната започнува така што, Агамемнон кој е главниот водач на Ахајците му ја одзема најсаканата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида на Ахил кој е главниот јунак на епот.
Како последица на оваа случка Ахил бил премногу гневен, изнервиран и лут, па затоа се повлекол и ги оставил Ахајците да трпат порази.Потоа тој самиот лично му го предал своето оружје на неговиот пријател Патроколо, за да се бори во двобој потив Хектор кој е најславниот тројански јунак и војсководец и за кој Ахајците сметаат дека е непобедлив.Но Патрокло бил поразен од страна на Хектор.
Ахил повторно се вратил на бојното поле и влегол во двобој со Хектор, сакајќи да му се одмазди за смртта на својот пријател Патрокло.На крајот, успеал во тоа, Хектор паднал погоден од копјето на Ахил и бил мртов.Потоа, мртвото тело на Хектор било предадено на кралот Пријам кој бил татко на Ахил. Крајот завршува така што го закопуваат Хекторовото тело во градот Троја.
Тројанската војна траела десет години но во книгата се зборува само за последните 51 ден од војната.„Илијада„ се смета за едно од најстарите дела од западната литература кое е зачувано до денес.Навистина вреди да се прочита, бидејќи е една од позначајните според мене и е поттик за понатамошните писатели.
No comments:
Post a Comment