Самооценување и оценување на останатите членови во групата
Најпрво, сакам да кажам дека сите коишто бевме во групата за пополнување на тебелата за настани, ликови, судири и емоции од лектирата „Времеплов„ ја завршивме секој својата обврска на време.
Јас најпрво ги напишав настаните и ликовите од лектирата и сметам дека успешно и одговорно ја завршив својата задача.Исто така, ги поттикнував и постојано им велев на останатите во групата и тие на време да ја завршат својата работа и сум подеднакво задоволна од двајцата останати членови на групата.За се што не ни беше јасно комунициравме и постојано бевме во контакт сите заедно.Си помагавме меѓусебно и се поттикнувавме велејќи дека ние сме најдобите и дека ќе успееме.И на крај мислам дека успеавме во тоа и ја завршивме одговорно нашата задача.Никогаш не би имала проблем повторно да работам со истите тие членови од оваа група, бидејќи мислам дека одлично се сложувавме и бевме како едно.
За крај, сакам да кажам дека кога работиме како група,тим секогаш треба да си помагаме едни на други, да ги споделуваме идеите, да ги делиме нашите знаења и секако да научиме нови работи од останатите.
No comments:
Post a Comment