Аргументативен есеј
Секоја секунда,секоја минута,секој час,секој ден,секоја недела,секој месец,секоја година излегува по нешто ново,поинтересно,покреативно и посовремено.Јас мислам дека времето во коешто сега живееме е многу повеќе поволно и пософистицирано.Исто така сметам дека е најдобро за младите коишто се на моја возраст.
Во денешно време може многу побрзо да стапиме во контакт со тие што сакаме, да пренесе ме некоја важна вест и да истражуваме за тоа што ни интересира.Но најдобро од се е што на повеќето од нас им е овозможено ова.Ова е еден доказ за тоа дека навистина денешново време е подобро од порано.
Јас знам,но и вие исто така дека сега можеме да излеземе кога ќе посакаме без разлика на тоа колку е часот.Имаме трговски центри,кафичи,кафани,продавници,слаткари и многу други места коишто работат до покасно и каде што можеме да седиме со другарите.Тогаш немало ништо такво, имало по една продавница која работела до десет часот а потоа се затворала, и да сакаш не можело да си купиш ништо после десет часот.Замислете колку било тешко да се живее во тоа време и како им било на тие луѓе.
Да!Навистина било тешко но тие биле навикнати на тоа.Исто така сега можеме да гледаме телевизија во секое време од денот и ноќта.Тогаш неможеле.Телевизија имало одредено време, кога сите заедно се собирале пред еден телевизор и сите заедно гледале.Сега имаме разни програми од сите категории за кои не интересира,ама затоа пак тогаш имало само една програма на која имало неколку информации за спортот,политиката,временска прогноза,и нешто помалку за музиката.
Токму затоа, сеуште ќе се задржам на мојот став,дека денешното време на живеење е најсоодветно и најдобро за младите на моја возраст.Тогаш животот бил многу потежок за живеење, за разлика од денешниот и од тогаш до сега има многу нови откритија,пронајдоци и и нови нешта кои ќе го подобрат нашиот начин на живот.Што мислите колку би се сменил начинот на живот и технологијата за педесет години од денес?
No comments:
Post a Comment