„Шагринска кожа„-Оноре Де Балзак
Романот „Шагринска кожа„ е едно од делата на Оноре Де Балзак.Во ова лектирно дело се работи за еден млад човек по име Рафаел, кој додека е очаен пронаоѓа една необична шагринска кожа. Таа кожа ги исполнува сите негови желби, но со тек на времето таа се смалува заедно со животот на Рафаел.Настаните се сместени во Париз за време на 19ти век.
Рафаел е еден динамичен лик, а воедно и жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството.Тој бил заслепен од луксузот на буржоазијата, па така самиот станува несвесен за тоа како луѓето го гледаат и за неговите постапки.
Станува дрзок,арогантен и неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство кое незаслужно го поседува.Овој лик е комплексен, од потребата да се менува пред останатите луѓе.Тоа што тој постојано се труди да се докаже пред останатите, го доведува до смрт.
Себеси се гледа како личност која е во центарот на вниманието и главна ѕвезда.Рафаел смета дека за да бидеш премногу почитуван и славен, потребно е да бидеш богат и да се покажуваш пред другите со твојата слава.
Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето,како не треба да постапуваме додека сме богати бидејќи не е се во парите и богатството.Најбогат си доколку имаш пријатели со кои можеш да бидеш близок, да се дружиш и да споделуваш најразлични работи.А желбите?Тие ќе си дојдат сами по себе, тогаш кога навистина ќе ги заслужиме.
No comments:
Post a Comment