Прва Љубов
Владимир
Петрович е 16-годишно момче кое во 1833 год. оди со неговото семејство во
Нескучи. Таму се запознава со својата соседка, 21-годишната кнегињицата Зинаида,
во која се заљубува. Таа има неколу додворувачи на ои Владимир им се придружува
во нивните залудни напори да ја придобијат младата дама. Момчето открива дека
вистинскиот објект на љубовта на Зинаида е всушност неговиот татко.
Сценарио
(Точно
осум часот. Тесно и извалкано претсобје на малечка куќа кое се поврзува со
салон-мала просторија со стол во средината.)
Стариот слуга: (Намуртено гледа
во Владимир и мрзелива станува од клупа)
Владимир: (Отвара вратата од
салонот и влегува)
Зинаида: (Стои на столот во
салонот и во рака држи машка шапка, опкружена со петмина мажи. Погледнува кон Владимир) Застанете,
застанете, нов гостин, и нему треба да му дадеме карта (сконува од столот и го грабна
ракавот од палтото на Владимир) Ајдете, што стоите? М’сје дозволете ми да ве
запознаам: ова е м’сје Волдемар, синот на нашиот сосед. А ова, (се врти кон
Владимир и му ги покажува гостите) се грофот Малевски, лекарот Лушин, поетот
Мајданов, капетанот во оставка Нирмацки и Беловзоров. Грофе, напишете му на
мсје Волдемар карта.
Грофот Малевски: Тоа не е право.
Тие не играле со нас фота.
Беловзоров: Не е праведно.
Зинаида: Напишете карта, ви велам.
Каков е овој бунт? Мсје Волдемар со нас е првпат и денеска за него законите не
важат. Немојте да мрморите, пишувајте, јас така сакам.
Грофот Малевски: (Зема перо,
откинува парче хартија и почнува да пишува)
Лушин: Дозволете ми барем толку,
да му објаснам на мсје Волдемар во што се состои работата зашто тој сосем се
збрка. Гледате ли, момче, ние играме фота. Кнегињицата ќе ја извлече казната, и
оној што ќе има среќа да ја извлече картата, има право да и ја бакне раката.
Дали ме разбравте што ви реков?
Владимир: (Го погледнува Лушин)
Зинеида: Мајданов, вие како
поет,треба да бидете великодушен и својот билет да му го отстапите на мсје
Волдемар, така што тој да има две шанси на среќа, наместо една.
Маданов: (Одмавнува со главата во
знак на несогласување)
No comments:
Post a Comment