„Силјан Штркот„
Дали е убаво да се биде мрзелив?
Мрзеливоста
е состојба во која едно лице неможе да направи нешто, да си ги изврши обврските, не затоа што нема
способност, туку поради незаинтересираност.
Многумина не
успеваат во животот поради мрзеливоста. Тие не ја планираат својата иднина и
немаат амбиција да постигнат нешто. Исто така, не ги извршуваат своите должности
или ќе ги остават потешките обврски на другите.
Нашето
здравје зависи од мрзеливоста. Мрзеливите не се активни, не спортуваат и не се
грижат за своето здравје. Некои луѓе се толку мрзеливи што не си подготвуваат
храна и поради тоа рестораните за брза храна се повеќе се прошируваат во
светот, а како резултат на тоа се уништува и животната средина.
Мрзеливоста
ги прави луѓето досадни. Често одбиваат да излегуваат со своето семејство и
пријателите. Така имаат многу драгоцени пропуштени моменти и не посетени места
во животот.
Секогаш може
да се спречи мрзата. Ваква трансформација е прикажана низ делото на Марко
Цепенков- „Силјан штркот“. Тој во почетокот на приказната е мрзелив, но со долга
година исполнета со работа неговата мрза се излечи, тој станува вреден.
No comments:
Post a Comment