Friday, June 1, 2018

„За буквите„-Црноризец Храбар

                                     Анализа на делото „За буквите„-Црноризец Храбар



            Порано Словените немле книги, туку се служеле со рески и цртички, читале и гатале, исто како и многубошците.
А кога се покрстија, биле принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило.
            Словените се запрашувале за тоа како тие немаат совоја азбука. Било „дадено“ од бога само на грчки да пишува, но за среќа се појавил св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви.
Сепак луѓето биле збунети поради тоа што не би било потребно да има 38 букби, но и дека било зададено од бога само на грчки да се пишува и учи.
           „Чим бога ги создал луѓето, секој на раѓање е еднаков, сите се раѓаат исти.“ И поради тоа луѓето би имале избор за своја азбука со било колку букви.

Sunday, May 20, 2018

„Галебот Џонатан Ливингстон„-Ричард Бах

                                                    Галебот Џонатан Ливингстон



        Галебот Џонатан Ливингстон“ е басна напишана од Ричард Бах, во која се зборува за галеб, кој учи за животот и летањето, како и за подобрувањето на себеси.
          Тој не бил како другите галеби. Тој многу повеќе го сакал летањето отколку да лови за храна.
Сакал да стане најдобриот галеб во летање.
Тој со многу вежбање и трпение достигнал многу големи резултати. Тој бил најбрзиот и најспособниот галеб од јатото. Но, поради таа негова желба за летањето, тој бил исфрлен од јатото. Него го болело тоа што неговите браќа не сакале ниту да слушнат ниту да видат што научил.
Протераниот Џонатан Станува отпадник, но никако не се откажува од својот сон. Неговата желба е уште поцврста. Да се достигне совршенството, да се совлада летањето, да се биде слободен. Неговата техника на летање постојано се усовршува.
Секој човек е различен, некој е подобар, а некој е полош во нешто. Но да достигнеш нешто во животот мора да вложиш труд и напор.

„Чорбаџи Теодос„-Васил Иљоски„

                                                          Опис на ликот Стојанка


     Во лектирното дело „Чорбаџи Теодос„ од Васил Иљоски има повеќе ликови, од кои се сретнуваме со ликот на Стојанка. Таа е една од споредните ликови во делото и јас би ја нарекла „љубовен лик„.
      Нејзиниот живот е сиромашен и прилично тежок. Целта којашто сака даја постигне е  да се венча со нејзина љубов Томче. Но,нормално во секоја љубовна приказна има препреки, падови, сомнежи и слично... Па та и во оваа љубов на Стојанка и Томче. Чорбаџи Теодос е всушност главниот лик во делото, угледен, строг, пристоен и точен, но и принципиелен. Тој е таткото на Томче, како и причината за невозможната љубов на сиромашната Стојанка и синот на Чорбаџи Теодос, Томче. Стојанка е наивна,добродушна,вредна и убава девоја,како и во очите на другите девојки се доживува како пристојна и достојна девојка за богатиот Томче.  Од друга страна пак, Теодос здогледал кал под ноктите на Стојанка и од тој момент смета дека таа е неугледна да стане снаа во нивната фамилија. Стојанка е цврсто решена личност која по секоја цена го сака Томче, лик со многу љубов добрина и девојка која нема избор во некои ситуации.
    На крајот од лектирното дело, љубовта на Стојанка се посреќува со тоашто Чорбаџи Теодос прифаќа Стојанка да стане снаа во нивната фамилија. Така двајцата млади се заедно среќно вљубени поминувајќи ја дотогашната пречка за нивното венчавање. Ликот на стојанка не тера да размислуваме позитивно, да бидеме упорни и цврсто решени за работите кои ги посакуваме, бидејќи кога тогаш желбата ќе ни се исполни.

Tuesday, May 8, 2018

„Антигона„-Софокле

Анализа на ликот Антигона


            Од древноста до денес, ретко женскиот лик е главен и носител на насловот на делото. Едно од ретките е токму „Антигона“ на Софокле.
Иако во трагедијата, можеби носечката улога ја има кралот Креон, сепак, Софокле ѝ дал предност на ќерката на Едип, Антигона.
            Својата трагедија Антигона ја носи во крвта. Трагедијата на татко ѝ Едип се пренесува на целото семејство – па и на неа. Родена во грев, ќерка на родители – мајка и син, таа не може да има среќна судбина. Но, сепак, тоа не е нејзината најголема трагедија. Таа е толку чесна, достоинствена, горда и посветена, што не може да дозволи нејзиниот брат, па каква и да му била вината, да го остави непогребан. Според неа, двајцата браќа што се убиле меѓусебно за превласт, се еднакво виновни и еднакво – браќа. Не сака да дозволи едниот да биде величан, а другиот фрлен на мршојадците. За неа тоа не е правдина. А за нејзината правдина, најголемата смелост е што го жртвува животот. Свесно останува безбрачна и бездетна, свесно ја жртвува својата среќа која не ја остварува со свршеникот Хемон – само за да ја зачува честа на семејството и до крај да ја искаже сестринската љубов и почит. Нејзините зборови дека мртвиот сопруг се заменува лесно, дека и ново дете може да се роди, но нов брат не може да се има поради мртвите родители – јасно го покажуваат нејзиниот став. За неа тука завршува сѐ. И нејзините желби, и нејзините копнежи, и љубовта кон свршеникот, и заповедта на кралот. Ништо нема значење. Само зачувувањето на достоинството, свое и на братот. Непоколеблива е во одлуката дури и кога сестра ѝ Исмена смета дека е лудо да се жртвува животот за тоа, непоколеблива е и кога таа со ништо не сака да ѝ помогне. Напротив, ја разбира сестрината желба за живот и среќа. А, Креон дури се плаши дека Антигона ќе биде помаж од него, па иако не е убеден во нејзината вина – ја осудува на смрт.
           Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

„Силјан Штркот„-Марко Цепенков

„Силјан Штркот„ 
Дали е убаво да се биде мрзелив?


             Мрзеливоста е состојба во која едно лице неможе да направи нешто, да си ги  изврши обврските, не затоа што нема способност, туку поради незаинтересираност.
            Многумина не успеваат во животот поради мрзеливоста. Тие не ја планираат својата иднина и немаат амбиција да постигнат нешто. Исто така, не ги извршуваат своите должности или ќе ги остават потешките обврски на другите.
             Нашето здравје зависи од мрзеливоста. Мрзеливите не се активни, не спортуваат и не се грижат за своето здравје. Некои луѓе се толку мрзеливи што не си подготвуваат храна и поради тоа рестораните за брза храна се повеќе се прошируваат во светот, а како резултат на тоа се уништува и животната средина.
           Мрзеливоста ги прави луѓето досадни. Често одбиваат да излегуваат со своето семејство и пријателите. Така имаат многу драгоцени пропуштени моменти и не посетени места во животот.
            Секогаш може да се спречи мрзата. Ваква трансформација е прикажана низ делото на Марко Цепенков- „Силјан штркот“. Тој во почетокот на приказната е мрзелив, но со долга година исполнета со работа неговата мрза се излечи, тој станува вреден.

Saturday, March 24, 2018

„Вујко Вања„-Антон Павлович Чехов

Вујко Вања


Михаил Лвович Астров
                Во драмата „Вујко Вања“ од А. П. Чехов е претставена случка од секојдневието на село во Русија, која ги менува животите на ликовите. Тие стануваат разочарани со мислењето дека цел живот залудно го потрошиле на имотот на професорот Серебрјаков, кој размислува да го продаде.
                Астров е еден од ликовите во ова дело кој всушност претставува млад одраз на Серебрјаков, тој е образован човек полн со нови идеи. Тој е релативно убав средногодишен човек кој бил оттргнат од младоста во раниот период од својот живот. Во младоста се навраќа со ликот на Елена, која претставува негова љубовна интерес. Тој е несреќен и уморен од неговата професија како единствениот доктор во селото и постојано е повикуван за работа, а неговата утеха често ја бара во алкохолот.
                Овој лик е напреден за своето време бидејќи покажува интерес во екологијата, со долги говори за способноста на човекот да создаде, а не способноста да уништи. Неговиот карактер и теории се издигнати до совршенство од страна на Соња, која во голема мера му се восхитува.  Авторот Чехов преку Астров вметнува дел од неговите карактеристики и идеологии. Тој ја цени убавината во нештата како природата и убавината на Елена.

„Прва Љубов„-Иван Тургенев

Прва Љубов


Владимир Петрович е 16-годишно момче кое во 1833 год. оди со неговото семејство во Нескучи. Таму се запознава со својата соседка, 21-годишната кнегињицата Зинаида, во која се заљубува. Таа има неколу додворувачи на ои Владимир им се придружува во нивните залудни напори да ја придобијат младата дама. Момчето открива дека вистинскиот објект на љубовта на Зинаида е всушност неговиот татко.
Сценарио
                (Точно осум часот. Тесно и извалкано претсобје на малечка куќа кое се поврзува со салон-мала просторија со стол во средината.)
Стариот слуга: (Намуртено гледа во Владимир и мрзелива станува од клупа)
Владимир: (Отвара вратата од салонот и влегува)
Зинаида: (Стои на столот во салонот и во рака држи машка шапка, опкружена со петмина      мажи. Погледнува кон Владимир) Застанете, застанете, нов гостин, и нему треба да му дадеме карта (сконува од столот и го грабна ракавот од палтото на Владимир) Ајдете, што стоите? М’сје дозволете ми да ве запознаам: ова е м’сје Волдемар, синот на нашиот сосед. А ова, (се врти кон Владимир и му ги покажува гостите) се грофот Малевски, лекарот Лушин, поетот Мајданов, капетанот во оставка Нирмацки и Беловзоров. Грофе, напишете му на мсје Волдемар карта.
Грофот Малевски: Тоа не е право. Тие не играле со нас фота.
Беловзоров: Не е праведно.
Зинаида: Напишете карта, ви велам. Каков е овој бунт? Мсје Волдемар со нас е првпат и денеска за него законите не важат. Немојте да мрморите, пишувајте, јас така сакам.
Грофот Малевски: (Зема перо, откинува парче хартија и почнува да пишува)
Лушин: Дозволете ми барем толку, да му објаснам на мсје Волдемар во што се состои работата зашто тој сосем се збрка. Гледате ли, момче, ние играме фота. Кнегињицата ќе ја извлече казната, и оној што ќе има среќа да ја извлече картата, има право да и ја бакне раката. Дали ме разбравте што ви реков?
Владимир: (Го погледнува Лушин)
Зинеида: Мајданов, вие како поет,треба да бидете великодушен и својот билет да му го отстапите на мсје Волдемар, така што тој да има две шанси на среќа, наместо една.
Маданов: (Одмавнува со главата во знак на несогласување)