Sunday, December 24, 2017

„Бескрајна приказна„-Михаил Енде


  Во книгата „Бескрајна приказна“ од Михаил Енде се зборува за момчето Бастијан, кое чита магична книга која раскажува приказна за млад воин чија задача е да ја запре темната бура наречена „Ништо“ од зафаќање на мистичен свет.
      Еден ден,додека бега од другите деца,тој влегува во антикварница и се запознава со сопственикот.Бастијан гледа дека тој чита некоја книга која е претставена како несоодветна за деца.Додека сопственикот збори на телефон,Бастијан  ја краде книгата и бега.Откако започна со читањето на книгта, тој навлезе во еден свет полн со авантури и фантазии, во кој се зборува за воинот Артеј и неговата мисија да ја спаси прнцезата и да го спаси неговиот свет.Атреј во овој момент па натаму мора да ги реши сите задачи без страв.Во еден момент Атреј и Бастијан  се јавува врска-тие се гледаат во очи и Атреј ќе го почуствува неговото присуство.Тука преку разговорот со Артеј со злобниот волк Морг дознаваме за плановите дека како Ништото сака да ја уништи Фантазија.Исто така дознаваме дека единствениот начин е само кога луѓето од Земјата ќе ја изгубат имагинацијата,сништата и надежта,со тоа што световите повторно се поврзуваат.
       Тука веќе сите проблеми се разрешени.Атреј разочаран се враќа кај кралицата и кажува дека не успеал во мисијата.Таа го убедува дека успеал бидејќи го обезбедил присуството на Бастијан.Единственото нешто што може да ја спаси кралицата е ако Бастијан и даде ново име на кралицата и тој и дава ново име,а тоа е Месечево дете.

„Шагринска кожа„-Оноре Де Балзак

„Шагринска кожа„-Оноре Де Балзак


          Романот „Шагринска кожа„ е едно од делата на Оноре Де Балзак.Во ова лектирно дело се работи за еден млад човек по име Рафаел, кој додека е очаен пронаоѓа една необична шагринска кожа. Таа кожа ги исполнува сите негови желби, но со тек на времето таа се смалува заедно со животот на Рафаел.Настаните се сместени во Париз за време на 19ти век.
      Рафаел е еден динамичен лик, а воедно и жртва на деструктивното влијание на општеството и богатството.Тој бил заслепен од луксузот на буржоазијата, па така самиот станува несвесен за тоа како луѓето го гледаат и за неговите постапки.
       Станува дрзок,арогантен и неговите пријатели го искористуваат поради неговото богатство кое незаслужно го поседува.Овој лик е комплексен, од потребата да се менува пред останатите луѓе.Тоа што тој постојано се труди да се докаже пред останатите, го доведува до смрт.
       Себеси се гледа како личност која е во центарот на вниманието и главна ѕвезда.Рафаел смета дека за да бидеш премногу почитуван и славен, потребно е да бидеш богат и да се покажуваш пред другите со твојата слава.
         Во оваа книга е прикажана алчноста на луѓето,како не треба да постапуваме додека сме богати бидејќи не е се во  парите и богатството.Најбогат си доколку имаш пријатели со кои можеш да бидеш близок, да се дружиш и да споделуваш најразлични работи.А желбите?Тие ќе си дојдат сами по себе, тогаш кога навистина ќе ги заслужиме.

Sunday, November 19, 2017

„Повикот на дивината„-Анализа на лик

Анализа на ликот Бак


   Во лектирното дело „Повикот на дивината„ се работи за храброто и паметно куче Бак, коешто се бори за да го добие она што го сака. Дејствата и настаните во ова дело се случуваат во северните и ледени краишта.
   Бак е динамична личност,тој влијае врз настаните,испробува нови нешта,во него се кријат секакви идеи и нови предизвици,и секогаш е подготвен да го исполни она што го сака.Во реалниот живот, тој би бил добра,храбра и исполнителна личност, која секогаш е спремна да помогне на другите, кога ќе им биде потребна некаква помош.Тој во еден од настаните се бори против Шпиц, за да дојде на негово место.Општеството во кое живее Бак е поразлично од днешново,тој живее во средина во која нема интернет,за разлика од нас кои имаме се што ќе посакаме.Останатите ликови го гледаат Бак како храбро,добродушно и многу посакувано посебо куче,но д друга страна некои го гледаат како непријател.Тој самиот е свесен за тоа што се случува во околината,свен е за последиците од тоа што ќе го намисли и свесен е за тоа како останатите го доживејуваат него.Во реалниот живот имао,има и ќе има личности кои што се како Бак,храбри коишто сакаат да постигнат успех и да стигнат до целта.
    Заклучокот,односно пораката од ова лектирно дело, е тоа што сака да ни каже дека за она што сакаме да биде наша сопственост,треба навистина се бориме и да се потрудиме за на крај да го добиеме.

Monday, November 6, 2017

Панонски Легенди

   Панонски Легенди


  Во црковното дело „Панонски Легенди„ станува збор за животот и дејноста на солунските браќа Кирил и Методиј.Ова дело е напишаано во XII век.

  Тие потекнуваат од богато семејство и се здобиле со високо и добро образование.Кирил е најмалиот меѓу седумте деца.Тој бил премногу мудар и паметен,кога бил наставник по филозофија бил наречен Констатин филозоф.Заедно со неговиот брат Методиј, ја измислиле глаголицата,за словените на полесен начин да можат да пишуваат и читаат на свој јазик.Кирил имал извршено повеќе мисии како што се:Моравската мисија,Хазарската мисија и мисијата кај Сарацена.Тој починал на 42 години. Методиј исто како и неговиот брат е мудар и паметен.Тој бил управител на словенска област.Браќата биле испратени на првата Арапската мисија со цел проширување на христијанството и политиката.Тие мале познавање од многу јазици,пишувале на Словенско,Грчко и Латинско писмо.

  Ова дело претставува извор на многу податоци за овие просветители кои навистина се значајни за сите нас.Тие имале важна улога во историјата,доколку не биле тие ние немаше да имаме свој јазик,писмо и култура.

Thursday, October 19, 2017

„Сердарот„-Григор Прличев

      Анализа на ликови од лектирното дело „Сердарот„ од Григор Прличев


       „Сердарот„ е поема, напишана од страна на еден од најпознатите македонски писатели Григор Прличев.Тој има добиено награда „Ловоров венец„ учесвувајќи на натпревар за најдобра поема на грчки јазик.Во ова лектирно дело се работи за Македонската борба, во која главен јунак е Кузман и тој се бори против Гегите, кои потекнуваат од едно албанско племе.
          Неда е мајката на Кузман.Таа пред се, е горда на својот син бодејќи тој се бори за својата татковина и го жртвува својот живот.Но, од друга страна пак е загрижена за него бидејќи има голема можност тој да се повреди и да загине во борбата.Неда сама ги извршува својте домашни работи и сама се грижи за својот син Кузман.Најјтрагичниот момент, кај овој лик во делото е тоа што Неда последна дознава за смртта на синот.Момент во кој сите помислуваме дека таа нема да може да го преживее, но таа останува храбра и трпелива до крај во чест на свотој син.Исто така таа останува горда на него, со утешната помисла дека тој се борел за својата татковина и за македонскиот народ да може да преживее.Па така на сите во селото им соопштува дека никој не треба да тагува за него бидејќи тој умрел како јунак.Низ страниците во поемата има спомнато дека Неда има витка става и долга црна коса, којашто ја чува врзана во својата убава марама.
          Кузман, кој го спомнував предходно и за кој веќе кажав дека е главниот лик во делото е премногу храбар и решителен лик со свој став.За него најмногу донаваме преку тоа како го опишуваат другите ликови преку навраќања, и за тоа што тие зборуваат за него бидејќи тој е веќе починат лик уште од почетокот на поемата. Сите го почитуваат,па дури и Гегите кои се неговите најголеми противници и тие со сопствените раце го однеле мртвото тело на Кузман кај неговата мајка Неда.Кузман има преголема љубов кон својата мајка Неда и својата вереница Марија со која сакал да го помине целиот негов живот заедно со неа.Тој е заштитник на македонскиот народ и лик со премногу храброст како што кажав предходно.
          Гегите се противниците на Кузман односно негативните ликови, но тоа не мора да значи дека тие немаат и позитивни карактеристики.Тие се албанско племе кои војуваат против македонскиот народ.Тие се разбојници бидејќи го ограбуваат селото,немилосрдни,лоши и негативни.Но сепак, од друга страна се чесни луѓе кои имаат голема почит спрема останатите.тие со сите обичаи говраќаат мртвото тело на Кузман кај мајка му Неда.Според описите во делото нјстариот Гега храбросо убави зборови ја теши мајката на Кузман за неговата смрт.Тие исто така се и по малку плашливи бидејќи незнаеле како да ја пренесат веста  за смртта на Кузман во борбата.
           Во поемата „Сердарот„ има силни чуства на љубов,страдања,предавства и борба за живот.Исто така има врвен квaлитет,богатство на јазикот и одличен опис на ликовите во делото.Оваа поема е сместена на највисоко место во времето на Романтизмот но и денескa, бидејќи навистина е вложено премногу труд за да призлезе едно вакво прекрасно дело.
     
         
      
         

Sunday, October 8, 2017

Есеј за лектирното дело „Илијада„ од Хомер

                                                            „Илијада„-Хомер

    
      Епот „Илијада„ за кој се смета дека е напишан од страна на Хомер, се работи за настаните кои се случувале за време на Тројанската војна која траела во периодот од 13век п.н.е до 12 век п.н.е.Едни од поглавните ликови во оваа војна се: Ахил, Хектор, Агамемнон, Одисеј, Патрокле и Терсит.
      Причина за да започне Тројанската војна е градот Троја.Тој бил познат по богатство и моќ затоа што тројанскиот владетел наплатувал високи царини за премин во овој град.Истиот бил привлечен  за Ахајците кои во 1184 година п.н.е го уништуваат градот Троја по десетгодишната војна.Кавгата, односно поводот за војната започнува така што,  Агамемнон кој е главниот водач на Ахајците му ја одзема најсаканата робинка Брисеида во замена на робинката Хрисеида на Ахил кој е главниот јунак на епот.
      Како последица на оваа случка  Ахил бил премногу гневен, изнервиран и лут, па затоа се повлекол и ги оставил Ахајците да трпат порази.Потоа тој самиот лично му го предал своето оружје на неговиот пријател Патроколо, за да се бори во двобој потив Хектор кој е најславниот тројански јунак и војсководец и за кој Ахајците сметаат дека е непобедлив.Но Патрокло бил поразен од страна на Хектор.  
     Ахил повторно се вратил на бојното поле и влегол во двобој со Хектор, сакајќи да му се одмазди за смртта на својот пријател Патрокло.На крајот, успеал во тоа,  Хектор паднал погоден од копјето на Ахил и бил мртов.Потоа, мртвото тело на Хектор било предадено на кралот Пријам кој бил татко на Ахил. Крајот завршува така што го закопуваат Хекторовото тело во градот Троја.
     Тројанската војна траела десет години но во книгата се зборува само за последните 51 ден од војната.„Илијада„ се смета за едно од најстарите дела од западната литература кое е зачувано до денес.Навистина вреди да се прочита, бидејќи е една од позначајните според мене и е поттик за понатамошните писатели.

Tuesday, February 28, 2017

Самооценување и оценување за останатите членови од групата

                            Самооценување и оценување на останатите членови во групата   




                  Најпрво, сакам да кажам дека сите коишто бевме во групата за пополнување на тебелата за настани, ликови, судири и емоции од лектирата „Времеплов„ ја завршивме секој својата обврска на време.
                Јас најпрво ги напишав настаните и ликовите од лектирата и сметам дека успешно и одговорно ја завршив својата задача.Исто така,  ги поттикнував и постојано им велев на останатите во групата и тие на време да ја завршат својата работа и сум подеднакво задоволна од двајцата останати членови на групата.За се што не ни беше јасно комунициравме и постојано бевме во контакт сите заедно.Си помагавме меѓусебно и се поттикнувавме велејќи дека ние сме најдобите и дека ќе успееме.И на крај мислам дека успеавме во тоа и ја завршивме одговорно нашата задача.Никогаш не би имала проблем повторно да работам со истите тие членови од оваа група, бидејќи мислам дека одлично се сложувавме и бевме како едно.
              За крај, сакам да кажам дека  кога работиме како група,тим секогаш треба да си помагаме едни на други, да ги споделуваме идеите, да ги делиме нашите знаења и секако да научиме нови работи од останатите.

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за млади на моја возраст

                                                  
                                                Аргументативен есеј


                Секоја секунда,секоја минута,секој час,секој ден,секоја недела,секој месец,секоја година излегува по нешто ново,поинтересно,покреативно и посовремено.Јас мислам дека времето во коешто сега живееме е многу повеќе поволно и пософистицирано.Исто така сметам дека е најдобро за младите коишто се на моја возраст.
                          Во денешно време може многу побрзо да стапиме во контакт со тие што сакаме, да пренесе ме некоја важна вест и да истражуваме за тоа што ни интересира.Но најдобро од се е што на повеќето од нас им е овозможено ова.Ова е еден  доказ за тоа дека навистина денешново време е подобро од порано.
                        Јас знам,но и вие исто така дека сега можеме да излеземе кога ќе посакаме без разлика на тоа колку е часот.Имаме трговски центри,кафичи,кафани,продавници,слаткари и многу други места коишто работат до покасно и каде што можеме да седиме со другарите.Тогаш немало ништо такво, имало по една продавница која работела до десет часот а потоа се затворала, и да сакаш не можело да си купиш ништо после десет часот.Замислете колку било тешко да се живее во тоа време и како им било на тие луѓе.
                          Да!Навистина било тешко но тие биле навикнати на тоа.Исто така сега можеме да гледаме телевизија во секое време од денот и ноќта.Тогаш неможеле.Телевизија имало одредено време, кога сите заедно се собирале пред еден телевизор и сите заедно гледале.Сега имаме разни програми од сите категории за кои не интересира,ама затоа пак тогаш имало само една програма на која имало неколку информации за спортот,политиката,временска прогноза,и нешто помалку за музиката.
                            Токму затоа, сеуште ќе се задржам на мојот став,дека денешното време на живеење е најсоодветно и најдобро за младите на моја возраст.Тогаш животот бил многу потежок за живеење, за разлика од денешниот и од тогаш до сега има многу нови откритија,пронајдоци и и нови нешта кои ќе го подобрат нашиот начин на живот.Што мислите колку би се сменил начинот на живот и технологијата за педесет години од денес?